Легендарниот ММА шампион и еден од најбогатите спортисти на планетата, Конор Мекгрегор, ужива во Рим.
Мекгрегор е голем љубител на фудбалот, па додека беше во Рим, се сретна и со тренерот на Рома, Жозе Мурињо, кој му подари клупски дрес со натпис „Конор“ над десетката на неговиот грб.
Се дружеа со чаши полни со виски на терасата со поглед кон Рим, открива Озлогласениот во објавата на Инстаграм…