(ВИДЕО) Ечи Лепа Брена на тренингот на Далас – Шоу во НБА поради Лука Дончиќ!

Loading

Верувале или не, но Лепа Брена грми во НБА!

Сето тоа благодарение на младата европска и НБА ѕвезда словенецот Лука Дончиќ кој е член на Далас Маверикс.

На еден тренинг на Маверикси, се појави видео на кое се слуша позната народна песна која се пушта преку системот за јавно обраќање за време на тренингот на Далас.

Тоа е песната на Лепа Брена од 2004 година „Луда за тобом“, која во последно време е исклучително популарна поради филмот и серијата „Јужен ветер“.

Во таа филмска и сериска продукција се појавува и оригиналната верзија на таа песна „Луда по тебе“, на бугарската пејачка Камелија, па така и верзијата на Брена беше оживеана кога филмот постигна огромен успех на пазарот во поранешна Југославија.

Со оглед на тоа дека Лука Дончиќ е единствениот играч од овие простори во Далас и дека веќе знаеме дека сака да слуша народни песни – јасно е кој е одговорен за овој музички избор.

Дончиќ го видовме како објавува слики и видеа на социјалните мрежи на кои ужива со народни песни, но сега го видовме и како игра кошарка со Лепа Брена!

Погледнете:

Маверикси се засилија со услугите на Кајри Ирвинг кој дојде од Бруклин и моментално се шести на западот.

Сепак, има мала разлика меѓу Мемфис, Сакраменто, Феникс, Клиперс и Далас и сите се надеваат на место со предност на домашен терен во четвртфиналето и полуфиналето на западниот плеј-оф.