(ВИДЕО) Е мој Леброне…. Вака не се станува најголем во историјата!

Loading

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс е на чекор од елиминација од плеј-офот.

фото: USA TODAY Sports / ddp USA / Profimedia

Денвер направи „брејк“ во Лос Анџелес и сега му треба само уште една победа за да се пласира во финалето, а судејќи по игрите што ги пружи Никола Јокиќ – тоа не би требало да биде никаков проблем.

Јокиќ со дури 15 поени во последната четвртина го предводеше Денвер до победата, а потоа имаше големо славје со неговите постари браќа, а од „Кралот“ немаше честитка.

Леброн Џејмс одигра солиден натпревар (23 поени, 7 скока, 12 асистенции), но очигледно беше многу лут бидејќи не го ни дочека официјалниот крај на натпреварот и замина во соблекувалната.

На околу шест секунди до крајот, кога беше јасно дека Денвер победи со 119:108, Џејмс веќе не ни погледна на подот.

Камерите веднаш снимија како Џејмс влетал во соблекувалната, што значи дека не му честитал ни на противникот кој лесно го победи и поведе со 3:0 во серијата.

Очигледно е дека тоа многу го погоди „кралот“, кој не издржа да се соочи со елиминацијата, но не е ништо поразлично во споредба со мнозинството навивачи на Лејкерс кои почнаа да ја напуштаат салата уште пред тоа, свесни дека веќе во ноќта помеѓу понеделник и вторник, за да ја завршат својата сезона.

Сепак, мора да се признае дека Лејкерси имаа очаен почеток на годината и се чинеше дека нема ни да „стигнат“ до плејофот, но преку баражот успеаја да дојдат до изненадување и да ги елиминираат Мемфис и Голден Стејт на пат до финалето на Западот, што не е мала работа.