На Барселона не и оди добро оваа сезона. По 11 одиграни кола во Примера се на деветтото место со 16 бодови, осум помалку од првопласираниот Реал.
По поразот од Рајо Ваљекано, го отпуштија тренерот Роналд Куман, но ништо не се смени ниту синоќа, бидејќи ремизираа со Алавес на „Ноу Камп“ – 1:1.
На крајот од првото полувреме Агуеро се фати за гради, па падна на земја. Ги загрижи сите, бидејќи веднаш низ глава му помина ситуацијата со Кристијан Ериксен на ЕП.
Лекарскиот тим излета на теренот, а секако олеснување беше кога Аргентинецот стана и го напушти теренот на нозе. На негово место влезе Фелипе Кутињо.
Каталонците не сакаа ништо да ризикуваат, веднаш го префрлија во болница.
„Агуеро почувствува непријатност во градите и беше примен во болница на преглед на срцето“, соопштија од клубот.
По дополнителните прегледи ќе се знае неговата состојба, а потоа ќе се знае многу повеќе за следните чекори кои ќе ги преземат Барса и Кун Агуеро.