Иако влезе во 45-тата година од животот, Џанлуиџи Буфон се уште е активен.
Легендарниот голман на Јувентус, ПСЖ и Италија се врати во Парма каде ја започна својата кариера.
Но, Буфон повеќе не е она што беше, а особено не е најдобриот голман на светот. За тоа сведочи и ситуацијата од натпреварот против Перуџа.
Буфон направи катастрофална грешка при водство на домаќините со 1:0 и со тоа ја искомплицира ситуацијата на својот клуб.
Парма моментално е 13-та во Серија Б со 45 бода и е далеку од секаква борба за враќање во Серија А. За среќа, и тие се далеку од борба за опстанок.
Погледнете што направи Буфон….