Легендарниот Михаел Шумахер според многумина е најголемиот Ф1 возач во историјата на овој спорт.
Германската икона освои неверојатни седум шампионски титули – две со Бенетон и пет со Ферари – и 91 трка, што само Луис Хамилтон го надмина во последните години.
Но, Шумахер не беше единствениот талентиран возач во семејството, неговиот брат Ралф исто така имаше респектабилна кариера во Ф1 со Џордан, Вилијамс и Тојота, освојувајќи шест Гран При, сите со Вилијамс.
Ралф се приклучи на Ф1 мрежата со Џордан во 1997 година и браќата беа неразделни во текот на нивните рани години на заедничко натпреварување.
Меѓутоа, нивниот однос некое време се влоши поради несогласувањата меѓу нивните сопруги, Корина, партнерката на Мајкл и Корa, поубавата половина на Ралф.
Во книгата на Михаел Шумахер „The Edge of Greatness“ напишана од Џејмс Ален, објавена во 2007 година, неговата поранешна менаџерка Сабине Кем рече:
,,Нивната врска се влоши во последните две-три години. Тие се возрасни. Тоа е многу природна работа. Ралф има семејство во Австрија, Мајкл семејство во Швајцарија.
,,Некогаш се среќаваа на патеката, но сега имаa цела ситуација со жените и, се разбира, Мајкл ја брани Корина, а Ралф ја брани Корa, па тие имаат свои разлики. Додека Корина го избегнуваше центарот на вниманието на познатите, Корa го прифати тоа.
,,Корина и јас имаме мал контакт. Одмoраме на различни места, едвај телефонираме, живееме на друго место. Штета навистина, но Корина и мојата природа се сосема различни. Јас сум искрена, космополитска жена. Таа не е таква што се преправа или парадира со фактот дека е Мајка Тереза. Мојата снаа е заглавена со етикетата дека е „совршена“ жена во „совршен“ свет и нешто слично.
Инаку, Корина целосно се обиде да се повлече од јавноста по несреќата што му се случи на нејзиниот славен сопруг.
Состојбата на Михаел Шумахер е покриена со тајност, а и неговиот брат Ралф ја почитува одлуката на сопругата и не коментира на оваа тема.