(ВИДЕО) Беше прв пик на НБА драфтот, а сега игра во Тајван!

Продолжува кошаркарското патување на поранешниот прв пик на драфтот и европски првак со Фенербахче!

Во 2013 година Ентони Бенет беше избран за прв избор од Кливленд Кавалирс, на драфтот на кој Јанис Антетокумпо беше дури 15-ти.

Не му одеше во Кливленд, одигра само 52 натпревари, а потоа беше трејдуван.

Ништо подобар не беше Бенет и во Минесота, Торонто и Бруклин, а по неколку обиди во развојната лига, првиот пик замина кај Жељко Обрадовиќ во Турција.

Во Фенербахче требаше да биде големо засилување во 2017 година, но тој всушност одигра многу малку и имаше просек од 1,2 поени на 10 натпревари во Евролигата.

Договорот со него беше раскинат многу брзо, иако првично беше потпишана двегодишната соработка, а сега канадскиот крилен центар стигна и до Тајван!

Откако во Хапоел Ерусалим имаше просечни 6,3 поени и 3,3 скока по натпревар, сега се пресели во Каохисунг Стилерс, тим од Тајван!

По НБА и Европа, сега реши да се испроба и во Азија, каде на 28 години ќе се обиде да ја оживее кариерата.