(Видео) Алиоски погоди, Лидс победи и е на чекор од враќање во Премиер лигата!

Loading

Уште една победа на Лидс во Чемпионшип дивизиијата во Англија и уште еден чекор поблиску до враќање на овој клуб во елтното друштво, Премиер лигата.

Лидс на домашен терен славеше во дерби дуелот против Фулам со 3-0 и осамна на врвот во второто по ранг натрпеварување во фудбалска Англија со три бода повеќе од четата на Славен Билиќ, тимот на Вест Бромвич Албион.

Голем удел во победата на Лидс имаше и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски кој го постигна вториот гол за Лидс за 2-0 во 56 минута од средбата за негов 5-ти гол во сезоната.

Голови за Лидс постигнаа и Бамфорд и Харисон.

Инсерти од натпреварот…

Што изјави Алиоски по натпреварот?