Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ во месец август ќе му се приклучи на тимот на Алегри и ќе потпише договор со најтрофејниот италијански клуб.
Модриќ игра за Реал Мадрид од 2012 година, кој ќе го напушти по завршувањето на овогодинешното Светско клупско првенство.
Хрватскиот играч од средниот ред освои 28 трофеи со Реал Мадрид и е најодликуваниот играч во историјата на клубот.
Освои шест трофеи од Лигата на шампионите, четири титули во шпанското првенство, два Купа дел Реј, пет трофеи од Суперкупот на Шпанија, пет трофеи од Суперкупот на Европа, пет титули од Светското клупско првенство и еден Интерконтинентален куп.

Одигра 590 натпревари за Реал, постигна 43 гола и запиша 95 асистенции.
Модриќ ја освои и Златната топка во 2018 година, во која, меѓу другото, освои сребрен медал со хрватската репрезентација на Светското првенство во Русија.
Алегри исто така изјави дека Тео Ернандез ќе го напушти клубот, како и дека Мајк Магнан, кој беше поврзуван со трансфер во Челзи, ќе остане во својот тим и ќе биде негов капитен.
„Модриќ пристигнува во август. Тој е извонреден и важен играч, нема потреба да го претставуваме“, рече Алегри.
Милан ја заврши сезоната 2024/25 со еден трофеј во Супер Купот на Италија се пласираше на осмото место во Серија А.
Поради лошиот пласман минатата сезона ,,Росоњерите,, нема да играат на ниту едно меѓународно натпреварување следната сезона.