Поранешниот англиски фудбалер и напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ќе стане тренер на МЛС клубот Ди Си Јунајтед, објави денеска Асошиетед прес.
Руни, кој играше за Ди Си Јунајтед од 2018 до 2020 година, пристигнува во Вашингтон откако ги помина последните 18 месеци на чело на Дерби Каунти.
Според АП, по добивањето работна виза, Руни на клупата на тој клуб ќе го замени привремениот тренер Чед Ештон, кој го замени отпуштениот Хернан Лосада.
ДиСи Јунајтед моментално е изедначен со Чикаго на последното место во поредокот на МЛС со 17 бодови.
Јунајтед викендов загуби од Филаделфија со 7:0….