Не му се пишува добро на Манчестер Јунајтед, а ниту на тренерот Ерик Тен Хаг откако ,,црвените ѓаволи,, доживеаја уште еден во низата неуспеси.\
Со тешкиот домашен пораз од Тотенхем во првенството, Холанѓанецот дојде до точка што по првите шест кола има само седум бодови, а Сити веќе заостанува седум бода зад него.
Во првото коло од Лигата на Европа одиграа само 1:1 против Твенте на својот Олд Трафорд.
Затоа тимот и тренерот Ерик тен Хаг се под големи критики. За холандскиот стручњак ова е трета сезона во Јунајтед. Досега има освоено една ФА и Лига куп, а тоа не е доволно за навивачите.
Бараат менаџерот кој потроши 650 милиони евра за нови играчи да се вклучи во борбата за титулата во Англија и да го врати клубот во важна улога во Лигата на шампионите.
Тен Хаг беше неуспешен во двете мисии бидејќи минатата сезона во Лигата на шампионите веќе беше елиминиран во групата, додека првенството го заврши само на осмото место.
По само бод со Твенте, Јунајтед има само една победа во последните девет европски натпревари. Останатите се три нерешени и дури пет порази.
Тен Хаг ги критикува играчите, но и себе си, но тоа не е ништо во споредба со она што му го кажа неговиот славен сонародник….
“Го гледам Јунајтед и го гледам тој нов играч како се шета наоколу. Тоа е Мануел Угарте, платен 50 милиони евра! Како тој човек така шета низ теренот? Идиотски е како Тен Хаг инвестира во играчи кои воопшто не се добри!“ Угарте (23) е дефанзивен играч за врска кој Јунајтед летово го купи од ПСЖ за споменатата сума.
Легендарниот стрелец на Ајакс, Милан и Холандија Марко Ван Бастен не застана тука…
„Кажи ми барем еден врвен играч во Манчестер Јунајтед. Во секој голем клуб има барем по еден, но во Јунајтед не. Рашфорд е многу лош. Бруно Фернандеш е добар играч, Онана е добар голман и тоа е готово, Гарначо е солиден, но клубот навистина нема кој да го води“ – заврши Ван Бастен.