Утре стартува 45-тото издание на Копа Америка во САД!

Со натпреварот меѓу САД и Колумбија стартува 45-тото издание на Копа Америка, кое ќе се игра на 10 стадиони низ САД.

копа америка

На шампионатот ќе учествуваат 16 репрезентации од Јужна Америка, Средна Америка и од Северна Америка.

Ќе има четири групи по четири репрезентации, а ова натпреварување се организира по повод 100-годишнината од првото натпреварување Копа Америка одржано во 1916 година.

Распоред на групите:

А група: САД, Колумбија, Костарика, Парагвај.
Б група: Бразил, Еквадор, Хаити, Перу.
Ц група: Мексико, Уругвај, Јамајка, Венецуела.
Д група: Аргентина, Чиле, Панама и Боливија.

Двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе ги продолжат натпреварите во нокаут фазата.

Копа Америка 2016 за првпат се одржува надвор од државите од Јужна Америка.