УЕФА контра одлуката на мадридскиот суд за основачите на Европската Суперлига

Loading

УЕФА нема да ги почитува барањата на мадридскиот суд, кој одлучи дека клубовите – основачи на Суперлигата не можат да бидат подложени на санкции.

УЕФА ги отфрлила барањата на мадридскиот суд и е уверена дека судот на Европската унија ќе донесе одлука во нејзина полза.

Судот во Мадрид донесе одлука УЕФА јавно да објави дека се откажува од санкциите против клубовите основачи на Суперлигата, како и да ги извести италијанската и англиската федерација дека немаат право да ги казнуваат клубовите кои учествуваа во создавањето на лигата, но потоа го напуштија проектот.

Организацијата нема да ги почитува овие барања, бидејќи е уверен дека судот на ЕУ ќе заземе нејзина страна.

– Идејата за Суперлигата е мртва. Фановите ја убија и таа нема да воскресне.

Реал, Барселона и Јувентус се единствените клубови кои не објавија повлекување од Суперлигата и треба да сносат санкции од УЕФА.