Бешикташ сака да ја доведе ѕвездата на Милан, хрватот Анте Ребиќ (29), објави турски ЈениСафак.
Хрватскиот фудбалер одигра разочарувачка сезона за Милан. Освен што имаше проблеми со повреди, на 31 настап постигна само три и асистираше за два гола.
Неговиот договор е со важност уште две години, но клубот од Милано не смета на него, па со задоволство би го продал. Според Трансфермаркт, Ребиќ вреди шест милиони евра.
Турскиот гигант нуди пет милиони евра за хрватскиот крилен напаѓач.
Доколку Милан го одбие, Бешикташ ќе испрати нова понуда. Турците се свесни за интересот на германските клубови за Ребиќ.
Меѓу другото, тој наводно би можел повторно да соработува со Нико Ковач. По соработката во Ајнтрахт Франкфурт, Ковач сега размислува за Ребиќ во Волфсбург.