Стартот на новата сезона во Ф1 ќе биде многу чуден – На првата трка ќе го нема 4-ниот светски шампион!

Loading

Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, ќе го пропушти почетокот на сезоната во Формула 1 поради коронавирус.

Четирикратниот Ф1 шампион беше позитивен на тестот во Бахреин, три дена пред првата трка во сезоната.

Него на патеката Шакир ќе го замени резервниот возач сонародникот Нико Хулкенберг, во болидот на Астон Мартин.

Фетел е вториот возач кој беше позитивен пред почетокот на сезоната, по Даниел Рикардо од Мекларен.

Австралиецот, пак, излезе од изолација и се врати на тренинзите денеска, па ќе биде во автомобилот на првиот официјален тренинг утре во петок.

Во меѓувреме, Хулкенберг по четврти пат е замена за заразените возачи, откако двапати возеше наместо Серхио Перез во 2020 година и еднаш наместо Ленс Строл минатата година.