Аргентина никогаш нема да може да го заборави Диего Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Познатиот „Ел Пибе“ почина на 25 ноември 2020 година, а неговите сонародници имаат луда идеја дека неговото срце да оди со аргентинската репрезентација во Катар на Светското првенство кое е закажано за 21 ноември.
Срцето на Марадона сега е под заштита на полицијата на Одделот за патолошка анатомија, пренесува порталот „Пагина12“ од Аргентина, кој наведува дека многу навивачи сакаат неговото срце да биде со тимот на тренинзите и натпреварите во Катар.
Во Аргентина беше покрената петиција, која ја потпишале околу 100.000 фанови.
– Сакаме да го постигнеме она што сметаме дека би било негова желба, сакаме срцето на Марадона да отпатува со Аргентина во Катар. Сакаме постојано да биде со репрезентацијата, во тренинг кампот, хотелот, автобусот, соблекувалната, на теренот… И ако Господ и Диего тоа го сакаат, седум натпревари подоцна неговото срце ќе биде во близина на долго очекуваниот трофеј на светски шампион – рекоа претставници на навивачите.
According to @pagina12 there is a campaign TO TAKE DIEGO MARADONA’S HEART to Qatar 2022 in support of the Argentina squad. “It’s what he would have wanted.”
— Tears at La Bombonera (@BomboneraTears) March 23, 2022
Идејата и петицијата ја поддржаа ПР агенциите, па стигна до голем број луѓе кои не можеа да ја оплачат смртта на идолот на нацијата.
Споменатиот извор наведува дека на Марадона веднаш по смртта му е извадено срцето од телото, како и црниот дроб и бубрезите поради дополнителни испитувања, што е нормална процедура кога не е целосно јасна причината за смртта.
Една недела по неговата смрт, органите се префрлени на Одделот за патолошка анатомија, а според протоколот ќе останат таму во наредните 10 години.