СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НОВАК! Најдобриот тенисер во светот полни 35 години, а еве какво значење има оваа бројка!

Loading

Најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ денеска, го прославува својот 35 роденден, а во Париз се подготвува за стартот на гренслемот Ролан Гарос.

новак

„Три плус пет е осум, а осум е број кој ја симболизира и означува вечноста. Така чувствувам дека можам да играм тенис засекогаш“, изјави Ноле во интервју за „Вечерње новости“.

Најдобриот светски тенисер изјави дека чувствува дека се е можно и дека би сакал да биде на првата позиција се додека игра тенис.

“Секогаш имам највисоки амбиции во овој спорт, особено кога играм на најголемите турнири. Ваквите турнири ми се приоритет. Всушност, не знам ништо поинаку. Секогаш се подготвувам за победа, изјави Новак.

Ноле е вториот најстар тенисер кој се наоѓа на врвот на АТП листата, а од ден на ден докажува дека годините за него се само бројка.

Тој е 370 недели на врвот на АТП листата и е се поблиску до апсолутниот рекорд кој го држи германска тенисерка Штефи Граф, која на тронот помина 377 недели.

Новак во кариерата освои 20 Грен слем титули – 9 пати го освои Австралија опен, 6 пати Вимблдон, 3 пати УС Опен и 2 пати Ролан Гарос.

Тој е првиот тенисер во историјата кој ги освоил сите 1000 Мастерс турнири и рекордер по бројот на освоени Мастерси (38 во кариерата).

Првиот тенисер во опен ерата кој победил на секој Грен слем најмалку два пати.

Со Дејвис куп репрезентацијата на Србија стигна до титулата во 2010 година и во АТП Купот во 2020 година. Тој исто така освои бронзен медал на Олимписките игри во Пекинг 2008 година.

Во духот на симболиката на бројките, Новак прокоментира дека „брка“ 1.001 професионална победа во Париз.

„За бројот 1.001 во нумерологијата велат дека е бројот што ве поврзува со ангелите чувари. Тие се таму. Го чувствувам нивното присуство и ги молам да ме поддржат во Париз“, рече Ноле.

Новак приватно ужива во богатството на сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара.

Среќен роденден, легендо!