Со овој голем трансфер, Дубаи е решен да ги сруши Партизан и Ц. Звезда!

Loading

Полуфиналето на АБА лигата во првата сезона за Дубаи, не беше доволно за челниците на клубот основан во 2023 година.

Во претстојната сезона, овој тим ќе игра во Евролигата, а желбата е да се прикаже Дубаи во најдобро светло во елитното европско натпреварување.

Во клубот пристигнува големо засилување и од најтрофејниот клуб Реал Мадрид. Дубаи денеска го претстави босанецот Џанан Муса како свое големо засилување за претстојната сезона.

„Дојдов во Дубаи и ова е одлична шанса за мене. Подготвен сум да напишам ново поглавје, да го поддржам растот на кошаркарската култура и да помогнам во изградбата на нешто навистина историско“, рече Муса.

„Тука сум за да оставам наследство“, рече тој.

Муса, кој беше еден од најдобрите кошаркари на Реал Мадрид минатата сезона со просек од 12,3 поени, 2,7 скока и 2,1 асистенции во Евролигата, ќе го носи дресот на Дубаи, потврди овој клуб.

Својата кариера ја започна во Цедевита, а во 2018 година беше избран како 29-ти пик на НБА драфтот од Бруклин Нетс. Тој беше во САД до 2020 година, кога се врати во Европа.

Прво беше член на Ефес, Бреоган во сезоната 2021/22, а од 2022 до 2025 година одигра одлични натпревари во дресот на Реал Мадрид.

Сега се враќа во АБА лигата, по пауза од седум години.

Во клубот остануваат Препелиќ, Абас и Бертанс кои ги продолжија договорите.