Што се случува во Србија? Полицијата ги одложи сите спортски настани во сабота во државата!?

Loading

Спортските настани планирани за сабота во Србија ќе мора да се одложат!

Поради безбедносната ситуација во Белград и Србија, полицијата нареди одложување на сите спортски настани за кои е потребно нивно присуство во сабота.

Причина се сите случувања околу „Европрајд“, но и контра прошетката што беше најавена за тој ден.

Потсетуваме, сите овие настани се забранети од безбедносните структури…

Што се однесува до фудбалот, тоа конкретно значи дека натпреварите од Суперлигата на Србија ќе се играат ден подоцна.