ШОК откритие кое го обиколи светот – Знаете ли кој е Зајид Алдид Ал Јазид?

Loading

Во својата емисија спортскиот новинар Федерико Буфа изнесе неколку тврдења кои со брзина на светлината успеаја да се рашират низ светот – легендарниот Зинедин Зидан не се вика Зинедин Зидан!

Како што е познато, Зизу има алжирско потекло, а Буфа тврди дека поранешната „десетка“ на Франција е родена под името Зајид Алдид Ал Јазид.

,,Имам афинитет кон арапскиот свет. Го имам тоа во крвта, преку моите родители. Многу сум горд што сум Французин, но исто така сум многу горд на моите корени и различности – изјави Зидан во една прилика.

Неговата мајка Малика е домаќинка, додека таткото Смаил бил магационер, но од Зинедин успеале да направат вистински мајстор на фудбалските науки.

Зидан се споменува како едно од решенијата за клупата на Пари Сен Жермен, но моментално поблиску е до Галтије, тренерот на Ница.