Актуелниот Ф1 шампион Макс Верстапен на многу доминантен начин ја започна новата 2024-та сезона, победи на четири од првите пет трки и се чинеше дека нема да има неизвесност кој ќе биде светски шампион и оваа сезона.
Сепак, во последните осум трки, возачот на Ред Бул нема забележано ниту една победа и сега Ландо Норис, на шест трки до крајот на сезоната има само 52 поени помалку, а Мекларен ја презеде лидерската позиција од Ред Бул кај конструкторите.
,,Продажбата на билетите за трката во Формула 1 во Остин, САД се зголеми откако Макс Ферстапен престана да победува и сезоната стана поинтересна“, рече Епштајн, промотер на Американското ГП во средината на октомври (19-20), изјави промоторот на трката Боби Епштајн.
Сите во организацијата се плашеле дека овогодинешната трка во Остин може да биде најмалку посетена од пандемијата на корона вирусот, но работите се променија.
Даниел Рикиардо кој е миленик на публиката во Тексас, нема да го гледаме откако доби отказ од РБ тимот, но Епштајн вели дека се надева дека Австралиецот сепак ќе може да дојде на трката.
Инаку моментално има поголема пауза во Ф1 шампионатот, а следната трка кога ќе биде токму на Америчко тло ќе се вози на 20-ти октомври.
До крајот на сезоната остануваат уште шест трки, а сезоната на европско тло веќе заврши.