Фернандо Сантош и понатаму ќе ја води репрезентацијата на новиот европски првак Португалија.
Сантош го продолжил договорот до 2020 година, соопшти националниот Сојуз на оваа земја кои решија да го наградат Сантош со нов и финансиски подобрен договор.
Португалија успеа да го оствари најголемиот успех во фудбалската историја.
Сантош по завршувањето на ЕУРО 2016 доби понуда од кинескиот Пекинг Гуан, вредна 8 милиони евра годишно, но тој реши да не го менува работното место.
Сантош Португалија ја презеде во 2014 година, веднаш по Светското првенство во Бразил.
Во кариерата бил селектор на Грција, а работел и во ПАОК, Бенфика, АЕК Атина, Спортинг Лисабон, Панатинаикос, Порто и Есторил.