Само што им тргна, отиде на продажба – Јунајтед бара нови сопственици, а од сумата боли глава!

Loading

Сопствениците на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, американското семејство Глејзер сакаат да го продадат клубот од „Олд Трафорд“ за околу 4,4 милијарди евра.

фото: IMAGO/Pro Sports Images/Phil Duncan

Како што пренесува британски „Дејли мејл“, продажбата на Манчестер Јунајтед би можела да заврши до крајот на годината.

Оваа продажба би можела да стане најголемата трансакција во историјата на спортот.

„Мејл“ истакнува дека меѓу потенцијалните купувачи е и еден од најбогатите Британци, Џим Ретклиф, кој е голем фан на Манчестер Јунајтед.

Британските медиуми пренесуваат дека Ретклиф би можел да има конкуренција за купување на „црвените ѓаволи“ во владејачкото семејство на Дубаи.

Семејството Глејзер стана сопственик на Манчестер Јунајтед во 2005 година.

Навивачите на клубот од „Олд Трафорд“ се незадоволни од начинот на кој Глејзерси раководат со Манчестер Јунајтед и постојано бараа „црвените ѓаволи“ да добијат нов сопственик.

Па еве желбата конечно ќе им се исполни…