Реал Мадрид се подготвува за жешко лето во претстојниот преоден рок!
Веќе со месеци се најавува доаѓањето на Килијан Мбапе од ПСЖ, кој сега би можел да биде загрозен по богатата понуда на парижаните за францускиот фудбалер.
Но, без разлика дали пристигнал или не, во Реал се подготвуваат големи промени, па „Сантијаго Бернабеу“ би можеле да го напуштат најмалку шестмина, меѓу кои ќе бидат легендите на клубот!
„Марка“ ги открива плановите на Реал за ова лето, кој освен Мбапе сака да го донесе и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Нема да биде лесно ниту евтино, но затоа неколку играчи се подготвени да се ослободат од Мадрид.
Герет Бејл, Марсело и Иско летово ќе станат слободни играчи, бидејќи нивните договори ќе истечат, а Реал нема да им понуди продолжување на соработката.
Тројцата имаат вкупно 12 трофеи во Лигата на шампионите, бидејќи беа дел од сите четири трофејни сезони помеѓу 2014 и 2018 година.
Но, тоа е далеку од завршено. Отворен пат за пронаоѓање нова средина ќе добијат и Хесус Ваљехо, Маријано Дијаз и Дани Себаљос, само Реал би можел да заработи од нивната продажба.
Интересно, сите тројца досега имаат освоено по една Лига на шампиони како членови на Реал.
„Марка“ пишува дека Реал би можел да се ослободи од Еден Азар бидејќи може да заработи на него, за Марко Асенсио ќе се одлучи дури во текот на летото, а во оваа приказна не стои името на Лука Јовиќ….