Разрешени сите дилеми – Леброн добива нов договор, а од сумата боли глава!

Loading

НБА ѕвездата член на Лејкерс, Леброн Џејмс се согласи на нов договор вреден 97 милиони долари за две години.

Џејмс кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес Лејкерс каде е од 2019 година, а договорот вклучува и опција за уште една година, односно до сезоната 2024/25.

Висината на договорот може да скокне и на 111 милиони долари доколку се зголеми селари капот од 2023 година, објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.