Македонските ракометарки ги добија противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во Шведска кое ќе се игра идната година.
Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра со репрезентациите на Црна Гора, Хрватска и Словенија.
Пласман на првенството во Шведска ќе обезбедат двете најдобри репрезентации во групата, како и една – најдобра третопласирана репрезентација од сите групи.
Натпреварите од квалификациите ќе се играат во три фази – првото и второто коло ќе бидат одиграни во октомври оваа година, а квалификациите ќе бидат комплетирани во март и јуни 2016-та година.