ФРАНЦУСКИОТ спортски гигант ПСЖ би можел да стане првиот европски клуб кој ќе игра во НБА лигата.

Според Le Parisien, сопствениците на ПСЖ, Qatar Sports Investments преговараат со НБА за вклучување или проширување на американската лига во Европа.
Има две опции – катарските инвеститори би го купиле Парискиот кошаркарски клуб и би го претвориле во клуб кој ќе може да се натпреварува во НБА лигата или би создале целосно нов клуб со седиште во Париз.
Како што напиша Атлетик, шефот на НБА Адам Силвер има на ум уште неколку европски тимови кои би сакале да бидат дел од НБА лигата.
Тоа се Реал Мадрид, Барселона, Асвел Вилербан и Фенербахче. НБА Европа е проект кој би можел да започне веќе следната година, но се уште не е дефинирано како ќе се усогласи со постоечката Евролига.
Американците тврдат дека целиот проект се одвива во договор со ФИБА. Силвер бара клубови со големи буџети за покривање на големи трошоци и приход во НБА.

Овие приходи би биле поделени 50-50 помеѓу НБА и секој европски клуб.
Адам Силвер ги таргетира големите градови – Мадрид, Лондон, Берлин, Барселона, Рим, Милано, Истанбул, Атина и Париз, во кои би биле сместени клубови кои би се натпреварувале во НБА Европа.
Сопствениците на ПСЖ може да се покажат како иницијатори на трендот европските тимови да влезат во НБА лигата. Постојат неколку причини зошто овој договор е најлесниот „влез“ на НБА во Европа.
Париз е огромен град и голем пазар, а ПСЖ веќе има договор со брендот Џордан, кој е специјализиран за кошаркарска опрема.
Исто така, еден од најголемите таленти во лигата, Виктор Вембањама е навивач на ПСЖ, што исто така е позитивен фактор во преговорите.