Промена на правилата за бараж дуелите – ФИФА по 35 години воведува нов формат!

Loading

ФИФА соопшти дека го променила форматот на интерконтиненталниот бараж за пласман на Светското првенство во 2022 година во Катар.

Според новите правила, еден натпревар ќе се игра на неутрален терен.

Првично беше планирано четири селекции од Азија, Јужна и Северна Америка, односно Океанија да играат во два добиени натпревари, дома и на гости.

Двете бараж средби ќе се играат на 13 и 14 јуни, а домаќинот на средбите не е познат. Претходно, интерконтиненталниот бараж, кој одлучува за последните двајца учесници на Светското првенство, требаше да се одржи во март, но поради пандемијата на корона вирусот беше одложен за јуни 2022 година.

Интерконтиненталниот бараж за Светското првенство е воведен во 1986 година, а ждрепката за тој бараж ќе се одржи на 26 ноември.

Ждрепката за Мундијалот ќе се одржи во Доха на 1 април, а потоа двајца учесници во натпреварувањето се уште нема да бидат познати.

Светското првенство во Катар ќе започне на 21 ноември, а ќе заврши на 18 декември 2022 година.