Последна сезона за легендата Тоти во Рома и Серија А!

Loading

39 годишниот Франческо Тоти се уште не оди во пензија, а на крајот од сезоната ќе ја напушти Рома.

FBL-ITA-SERIEA-SAMPDORIA-ROMA

Капитенот на римската волчица ја игра последната сезона во клубот во кој стана икона и легенда, а оваа сезона добива малку можности за игра и поголемиот дел од натпреварите ги следи од клупата за резервни играчи.

Тоти уште има желба да игра, а се чини дека по завршувањето на сезоната ќе ја напушти „волчицата“, затоа што се уште нема договор за продолжување на соработката.

Според последните информации Франческо Тоти ќе се пресели во САД и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Њујорк Космос, за што побарал 500.000 евра од натпревар за да игра до крајот на сезоната во САД.

Њујорк Космос ја разгледува понудата и се чини се подготвени да се согласат на условите од Тоти.

Рома е единствениот клуб на Тоти во неговата кариера, каде игра од 1992 година, се ближи кон бројката од 600 настапи каде има досега постигнато 245 голови.