Дејан Манасков го најави заминувањето од РК Вардар откако стана јасно дека беше во сенка на Тимур Дибиров кој е неприкосновен стартер во тимот на Раул Гонзалес.
Но нејасно е зошто клубот го продава и Игор Карачиќ кој заминува во големиот ривал на Вардар, тимот на унгарски Веспрем.
Најавите од Унгарија велат дека шампионот од оваа земја е пред потпис со Карачиќ, еден од клучните ракометари на Вардар.
Свои заминувања од поодамна најавија Тоскиќ и Брумен, но останува да видиме дали и Манасков и Карачиќ ќе им се приклучат.
Има најави дека уште неколку ракометари ќе заминат, а доколку се случи тоа Вардар ќе претрпи сериозни промени во играчкиот кадар за следната сезона.