(ВИДЕО) Како Перо Антиќ го избриша паркетот со Леброн Џејмс?

Loading

Кливленд во Атланта стигна до втората победа, овој пат со 94:82 и поведе со 2:0 во финалната серија на Истокот.

lebronantic

Перо Антиќ за 13 минути на овој натпревар, запиша 5 скокови и 1 асистенција, а успеа само еднаш да реализира.

Тој во првата четвртина при еден дуел со Леброн буквално го „патосираше“, а судиите досудија намерна лична грешка од македонскиот кошаркар.

Погледнете ја оваа ситуација која можеше да биде и фатална за кралот Џејмс…