Пеналите среќни за Ливерпул за пласман во финалето на Лига купот!

Loading

Тимот на Ливерпул е прв финалист во англискиот Лига куп, откако во полуфиналниот двомеч излезе како поуспешен од Стоук.

liv-sto

Реваншот на „Енфилд“ беше решен по изведувањето на пенали, а Ливерпул во финалето го однесе голманот Мињоле.

Екипата на Јирген Клоп полуфиналниот реванш на свој терен го започна со предност од 1:0, која ја стекна на првиот меч, но на крајот пенали решаваа околу патникот во финалето.

Стоук одигра одличен натпревар на „Енфилд“, ги држеше конците на играта во своја рака и во финишот на првото полувреме, со голот на Арнаутовиќ успеа да ја анлира предноста на Ливерпул.

Во пенал серијата двата тима не резлизираа по еден пенал, во втората серија Мињоле му го одбрани ударот на Крауч, а Емре Чан го погоди дирекот.

Решавачка беше седмата серија, најпрвин Мињоле го одбрани ударот на Муниеса, а потоа Џо Ален погоди за пласман на Ливерпул во финалето.

Финалето на Лига купот ќе се одигра на 28.февруари, а противник на Ливерпул ќе биде подобриот од полуфиналениот двомеч помеѓу Манчестер Сити и Евертон.