Кошаркарот на Лејкерс се обрати до навивачите за помош за да најде нов прекар.
Остин Ривс (24), кошаркарот на Лејкерс, ги замолува навивачите да престанат да го нарекуваат „Селанецот Коби“ и бара од нив да помогнат да му изнајдат нов прекар.
Американскиот бек беше едно од најпријатните изненадувања во страшната сезона на тимот од Лос Анџелес, а поради сето тоа можеше да добие уште поголема минутажа во следната сезона. Би сакал да почне од нула, па избра нов дрес, наместо 12 го избра бројот 15.
„Знам дека не можете да контролирате како ве нарекуваат луѓето. Како, да речете, „Селанецот Коби“, не ми пречи тоа, но бидејќи Коби почина, мислам дека тоа не е многу соодветно“, изјави Ривс за ESPN.
Затоа бара од фановите на „Лејкерси“ да му помогнат да избере нов прекар.
„Секогаш сум отворен за нови идеи. Сакам да слушам мислења, секој предлог може да биде подобар од претходниот, па уживам да слушам различни идеи и што мислат луѓето. Би било убаво да ги отворат мислите и да дадат интересни предлози. “
Поради промената на дресот, тој не сака никој да го нарекува „АР-15“. Тоа е ознаката за пушката што неодамна беше употребена во масакрот во Тексас каде беа убиени 14 ученици во основно училиште.
Затоа квортербекот Остин Ричардсон, кој беше познат по прекарот „АР-15“ излезе во јавноста и рече дека не сака никој повеќе да го нарекува така.
„Ја видов пораката на Ричардсон, мислам дека повеќе луѓе треба да го кажат своето мислење. Секој пат кога вакво нешто се случува во училиштата, ти го крши срцето. Токму кога ќе помислиш на семејствата на сите тие деца.
На крајот, тој зборуваше и за претстојната сезона, бидејќи е јасно дека Лејкерси не смеат повторно да го пропуштат плеј-офот.
“Главната цел се победите, тоа е сè што ме интересира. Минатата година беше разочарувачка за сите. Мораме да свртиме нова страница и да покажеме дека ги научивме лекциите”, заклучи Ривс.