Овие фудбалери беа богати и пред нивните кариери – Баш им беше гајле за парите од договорите!

Loading

Фудбалот одамна стана повеќе од спорт.

„Најважната споредна работа на светот“ излезе на сцена кога спортскиот дел од приказната падна во сенка на парите. Се почест е плачот на фудбалерите за намалување на прекумерниот број натпревари, а од друга страна организациите се борат за поголем број натпреварувања, па во последно време се зборува дека Светското првенство ќе се одржува на секои две години.

Сепак, парите не беа пресудни за сечија кариера. Има играчи кои беа „осигурени“ до крајот на животот.

Меѓу „богатите пред богатството“, еден од најдобрите примери е Џанлука Виали, легенда на Италија, Сампдорија, Јувентус и Челзи. Неговиот татко е милионер, а Џанлука израснал во замокот „Кастело ди Белгиосо“ во Кремона.

фото – PROFIMEDIA

Уште еден играч на Челзи влезе во фудбалот во добро поставена позиција. Френк Лампард е најдобриот стрелец во историјата на клубот, а неговите родители биле милионери. Лампард пораснал во богата средина бидејќи неговиот вујко бил тренерот Хари Реднап.

фото – АР

Жерар Пике има татко адвокат и мајка директор на болница. Беше исклучително богат со фудбалска слава и брак со познатата пејачка Шакира. Тој ја наследил деловната свест од родителите, па во моментов е еден од оние кои градат голема деловна империја.

фото – АР

Од врвните фудбалери треба да се спомене и голманот на репрезентацијата на Франција и Тотенхем, Уго Лорис. Тој израснал во Ница во семејство каде татко му е познат банкар, мајка му адвокат.

фото: Reuters

Ако погледнеме пошироко, тогаш најбогат фудбалер секако е Фаик Болкија, внук на султанот од Брунеи, чие богатство тежи повеќе од 20 милијарди долари.

Болкија се обиде во Лестер и Маритимo, но топката очигледно не му тргна од ногата. Познат е и како расипник, исто како и неговиот богат братучед кој знае да потроши 40 милиони долари месечно на разни работи.