ОК Вардар со ревијален турнир одбележува 75 години постоење

Loading

Одбојкарскиот Клуб Вардар е создаден далечната 1947 со самото основање на Спортското друштво Вардар. Тие годинава како и кошаркарскиот и фудбалскиот клуб прославуваат 75 години постоење.

По тој повод овој викенд црвено-црниот одбојкарски колектив организира ревијален турнир на кого освен домаќинот ОК Вардар учество ќе земат уште и ОК Партизан од Белград и ОК Струмица 47 од Струмица.

Најавено беше учеството и на уште еден тим. Станува збор за црногорскиот одбојкарски тим на Будва, но поради проблеми со позитивни на Ковид, мораше да го откаже ова гостување.

Турнирот ќе го отворат екипите на ОК Струмица 47 кои во сабота од 19.30 часот ќе играат против Партизан, додека во недела во истиот термин ќе се сретнат екипите на ОК Вардар и ОК Партизан од Белград.

Сите натпревари ќе се одиграат во СЦ Борис Трајковски.