Новак ќе остане без првото место на АТП листата – Еве што треба да се случи!

Loading

Српскиот тенисер Новак Џоковиќ денеска ја започна 379-та недела на врвот на АТП листата, но во исто време доби лоши вести.

фото: Karim SAHIB / AFP / Profimedia

Новак поради забрана за влез во САД, ќе ги пропушти мастерс 1000 турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Тој не доби виза од американските власти поради тоа што не е вакциниран, па денеска и официјално се повлече од ждрепката за Индијан Велс.

Истото најверојатно ќе се случи и со Мастерсот во Мајами кој започнува на 19 март, бидејќи малку е веројатно дека ќе добие „зелено светло“.

Џоковиќ не може да влезе во САД како неамерикански државјанин кој не бил вакциниран против корона вирусот и таа забрана ќе остане во сила до 11 мај, што значи дека Индијан Велс и Мајами ќе бидат единствените американски турнири на кои нема да игра.

Ова е сериозен удар за Новак, кој втора година по ред ќе остане без шанса за настап на реномираните турнири од серијата 1.000, што повторно не претставува фер битка со останатите играчи на АТП листата поради што би можел да го загуби првото местона АТП листата.

Џоковиќ е првопласиран со 7.160 бодови и нема да загуби ништо во текот на март бидејќи – не играше ниту минатиот март – па зад него се Карлос Алкараз (6.780), Стефанос Циципас (5.805) и Каспер Руд (5.560), додека Тејлор Фриц, Даниил Медведев, Андреј Рублев, Холгер Руне, Рафаел Надал и Феликс Огер-Алиасиме имаат далеку помал учинок.

Шанса да го победат Новак во март имаат само Карлос Алкараз и Стефанос Циципас, а пресметката им е крајно „едноставна“.

Ним им треба таканаречениот „Саншајн двојник“, односно треба да ги освојат двата турнира за да го прескокнат, односно да победат 12 меча по ред во две недели, што е многу тешко.

Инаку, ова успеале само седум тенисери во историјата, а меѓу нив е и Новак Џоковиќ, кој успеал да го направи тоа четири пати. Првиот пат во 2011 година, а потоа уште три пати по ред од 2014 до 2016 година.

Може да се каже дека Новак е на некој начин сигурен на првото место иако нема повторно да игра во Индијан Велс и Мајами, но го нервира што мора повторно да паузира пред дел од сезоната на земја.

Поради ова се зборува дека би можел да игра во Мароко или Португалија (серија 250) од 3 до 9 април, но засега нема официјална потврда.