Нов шок за Шарапова, ВТА ја избриша од ранг листата!

Loading

Поради суспензијата од две години на Марија Шарапова, руската тенисерка повеќе нема да фигурира на ВТА-листата како официјално рангирање на најдобрите светски тенисерки.

Maria Sharapova

ВТА вообичаено го објави најновиот ранкинг, а на него повеќе ја нема Шарапова, која е избришана и покрај најавите дека ќе се жали до Спортскиот суд во Лозана во обид казната да и биде намалена или целосно укината.

Серена Вилијамс се уште е прворангирана светска тенисерка со 4.270 бода, пред Германката Кербер и Викторија Азаренка, додека победничката на Ролан Гарос, Габрине Мугуруза, остана на четвртото место.

Зад Шпанката за комплетирање на Топ 10 листата се наоѓаат Радванска, Суарез Наваро, Халеп, Кузнецова, Стосур и Башчински.

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се најде на 267. место на најновата ВТА ранкинг-листа.