Не е можно! – Една земја станува постојан учесник на фудбалските Мундијали…

Loading

Проширувањето на Мундијалот од 32 на 48 селекции започнува на следното Светско првенство – во 2026 година!

Во иднина речиси секогаш една селекција ќе има свое место меѓу 48-те избрани. Имено, ФИФА донесе одлука шампионот на Океанија да оди директно на Мундијалот.

Во превод – Нов Зеланд ќе игра на секое наредно големо натпреварување. Само чудо може да спречи ваков епилог.

Во својата зона немаат достојни ривали. Еве, на пример, оваа година тие ги победија Соломонските Острови со 5:0 во финалето на баражот.

Често победуваат ривали со двоцифрена разлика, но тоа секако не значи дека имаат некој квалитет. За тоа сведочи и фактот што само двапати стигнаа до Мундијалот.

Причина за тоа беше правилото шампионот на Океанија да игра бараж за Мундијалот.

Нов Зеланд годинава го чека мечот со петтопласираната селекција од зоната Конкакаф – Костарика.