НБА: Кливленд со лекција за Клиперси, Калдерон ги реши Лејкерс во ЛА!

Loading

Во НБА лигата се одиграа 5 средби.

nba

Атланта ја спаси честа домашните тимови откако ја победи Индијана убедливо со 104:75. Атланта постигна 7 тројки во третата четвртина. Милсап имаше 18 поени и 9 скокови, а Хорфорд постигна 18 кошеви за јастребите.

Кливленд во дербито ги декласира Клиперси со 114-90, а Кавси постигнаа 18 тројки од 37 обиди.

Клучната предност Леброн и друштвото ја направија во втортата четвртина која ја добија со 37:22. Џејмс постигна 27 поени, а го следеа Ирвинг и Смит со по 17 кошеви. Кај Клиперси Редик даде 19, а Крис Пол 17 поени и 10 асистенции.

Калдерон на 0,2 секунди постигна тројка до крајот со која Њујорк ги совлада Лејкерси во Лос Анџелес со 90-87.

Калдерон мечот го заврши со 9 поени и 6 асистенции. Кармело Ентони го предводеше Њујорк, со 26 поени.

Играчот на Милвоки Јанис Антетокумпо против Бруклин оставри „трипл дабл“, што е негов четврти на последните 11 натпревари.

Милвоки победи во Бруклин со 109:100, а младиот Грк имаше 28 поени, 14 асистенвии и 11 скокови. Антетокумпо стана првиот играч на Милвоки кој во една сезона четири пати забележал „трипл дабл“.

Јута славеше во Сакраменто со 108:99 и остана во трката за осмата позиција во Западната конференција.

Фејворс со 28 поени и 14 асистенции ја предвдеше Јута, а Казинс, кој по суспензијата се врати во тимот на Сакраменто, беше најефикасен на мечот со 31 кош и 10 скока.

За вечерва предвидени се 9 нба средби.