НАПРЕД ВАРДАР: Нова победа за црвено-црните до место поблиску за влез во првата лига!

Loading

Фудбалерите на Вардар пред своите навивачи стигнаа до уште една важна победа во Втората македонска фудбалска лига запад.

Црвено-црните го победија тимот на Гостивар со 3-1. Вардар поведе со голот на Мишковски пред крајот на првиот дел, додека гостите израмнија преку Рушити во 73. минута.

На 2-1 за домашните зголеми капитенот Дејан Блажевски во 81. минута, додека конечните 3-1 ги постави Филип Петковски од пенал во 91. минута.

Главните конкуренти на Вардар за влез во првата лига Силекс и Воска Спорт стигнаа до победи во ова коло.

Па така по ова 9.коло на табелата во Втората лига исток Силекс е прв со 25 бода, втора е Воска Спорт со 21, а Вардар е трет со 17 бода.