Чикаго Булс моментално се на самиот врв на Источната конференција, а најголем „виновник“ за тоа е Демар Дерозан! Бекот кој пристигна од Сан Антонио е секако најдобрата аквизиција на Булси во претходната деценија!
Шанса да го доведат имаа и Лејкерси, но се одлучија за Расел Вестбук и сега се плашат за пласман во плеј-офот, а се многу далеку од борба за титулата.
Од друга страна, Зек Лавињ и Демар Дерозан станаа еден од најсмртоносните НБА тандеми, а Чикаго моментално е најдобриот тим на Истокот со 38 победи и 21 пораз.
Дерозан во текот на целата сезона доминира и просечно бележи по 28,1 поен со 5,2 скока и 5,1 асистенции по натпревар, жаргонски кажано „ги пополнува сите колони“.
Тој настап е импресивен, но она што Дерозан го направи во претходните седум натпревари е навистина незамисливо.
Тој е првиот играч во историјата на НБА лигата кој има 35+ поени на седум натпревари со најмалку 50% успешни шутеви од игра на секој натпревар!
Прво постигна 45 поени против Филаделфија, а имаше и 60% шутеви од игра, потоа против Феникс постигна 38 поени со 59%, но Булси ги загубија двата меча.
А потоа следеа пет последователни победи кои ги доведоа до врвот на Истокот. Против Шарлот постигна 36 поени со 68% шут од игра, а потоа со Минесота постигна поен помалку со 64% успешност.
Следеа 38 поени од Оклахома (50% од шутовите), 40 поени против неговиот поранешен тим Сан Антонио Спарс (67% од шутовите) а го закопа Сакраменто со 38 поени со 59% од ударите од игра!
И додека Чикаго се обидува да се засили со некои слободни играчи за да ги зголемат шансите за титулата, Лејкерси кои го одбија Дерозан го прават истото за воопшто да влезат во плеј-офот.