Мишел Платини заминува од УЕФА!

Loading

Судот за спортска арбитража му ја намали суспензијата на Мишел Платини, од 6 на 4 години.

platini

Платини е незадоволен и од оваа одлука, бидејќи бараше целосно укинување на суспензијата, по што неговиот адвокат најави дека тој ќе се повлече од претседателската функција во УЕФА.

Челниците на УЕФА и ФИФА, Мишел Платини и Сеп Блатер, поради „нелојална исплата“, која е откриена како дела од истрагата на швајцарскиот обвинител, која истражуваше дали имало корупција при доделувањето на организацијата на светските првенства во 2018 и 2022 година, најпрвин беа суспендирани на осум години, но потоа Етичкиот комитет на ФИФА на Платини му ја намали суспензијата на 6 години.

Незадоволен од оваа одлука, Палатини преку своите правни застапници се жалеше до Судот за спортска арбитража, во Лозана, а судот не одоговори позитивно на барањето на Платини, целосно да му ја укине суспензијата, туку само му ја намали казната за 2 години.

Мишел Платини е разочаран од одлуката која ја донесе судот и објавува дека ќе поднесе оставка на претседателската функција во УЕФА, на наредниот конгрес на организацијата.

Платни и Блатер се суспендирани откако беше откриено дека Блатер на првиот човек на УЕФА му исплатил „на рака“, сума од два милиони долари, за консултантски услуги во периодот од 1998 до 2002 година.