Милан ги отпиша овие напаѓачи за следната сезона – Веќе најдена е нивна замена!

Loading

Седумкратниот европски шампион, италијански МИЛАН летово ќе се ослободи од услугите на искусните напаѓачи Анте Ребиќ и Дивок Ориги, пишува италијански Tuttomercato.

Наводно, замена за нив е веќе подготвена. Челниците на Милан се заинтересирани да го доведат Стефан Ел Шарави, кој може да го добие бесплатно.

Ребиќ оваа сезона е во слаба форма, а го мачат и повреди. Неговата цена на Трансфермаркт се преполови за една година и сега вреди десет милиони евра.

Тој настапи на 31 натпревар во сите натпреварувања и постигна само три гола со две асистенции.

Актуелниот договор за Милан го обврзува до 2025 година, но италијанските медиуми веруваат дека клубот ќе се ослободи од него веќе ова лето.