Во просториите на Агенцијата за млади и спорт денеска беше потпишан меморандум за соработка од страна на Марјан Спасески директор на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Марк Ханафин директор на Мировен корпус Македонија.
Овој Меморандум за разбирање од 19-ти мај 2016, меѓу Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Американски Мировен корпус, преку неговата канцеларија во Македонија ги одразува намерите на двете страни за соработка, преку реализирање на Програмата за развој на заедниците и назначување волонтери на Мировен корпус Македонија и стручни волонтери на Мировен корпус.
Меморандумот за разбирање за период од пет години започнува од 19-ти мај 2016.
Целта е да се утврди разбирањето и намерите во врска со улогите и одговорностите на двете страни, Мировниоткорпус и Агенцијата, во поглед на осмислувањето, промоцијата, спроведувањето, евалуацијата и постојаната поддршка на проектите и активностите од Програмата за развој на заедниците.
Овој документ се повикува и на Спогодбата бр.1301-3594/7 помеѓу Владата на Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави во врска со Програмата на Мировен корпус потпишана на 11 јуни 1996 година.
Мировниот корпус во Македонија има две програми преку кои ги реализира своите активности:
-Програма за развој на наставата по англиски јазик во основни и средни училишта
-Програма за развој на заедниците
Во последните 20 години повеќе од 500 волонтери служеа во Македонија, работејќи во областа на образованието и развојот на заедницата.