Малер на векот – Платил 500.000 долари за топка, а потоа следел шокот!

Колекционер кој платил многу пари, беше шокиран од фактот што најпознатиот квортербек решил да се врати на теренот.

фото: EPA/MICHAEL ZARRILLI

Том Брејди не ја заврши кариерата, повторно ќе го води нападот на Тампа Беј! Одлуката на славниот бек да не се пензионира го потресе светот, а особено погоди еден негов обожавател, голем колекционер.

Прашање е како се чувствува сега кога платил дури 518.628 долари за топката со која Том го постигна последниот тачдаун во кариерата (барем тогаш така се мислеше)!

Имено, додавањето на Брејди долго 55 јарди на мечот со Лос Анџелес Ремс во полуфиналето на НФЛ беше фатено од Мајк Еванс во крајната зона на противникот.

Бидејќи никој не ја прифати приказната дека Том во тој момент размислувал да се пензионира, Еванс опуштено ја фрли топката во публиката.

Ја фатил еден обожавател кој кога Том навистина објавил дека повеќе нема да игра, сфатил дека може да заработи цело богатство.

Тој ја понудил топката на аукција со почетна цена од 100.000 долари. На крајот достигна цена од повеќе од половина милион долари.

Човекот кој даде толку многу пари сега е шокиран кога дозна дека не дошол во посед на топката со која одличниот Том го постигна последниот тачдаун. Сигурно ќе има одредена вредност, но далеку од онаа за која ја купил.

Брејди изминатиот викенд го помина во Англија, поточно во Манчестер, каде го следеше натпреварот помеѓу Јунајтед и Тотенхем.

Кристијано Роналдо беше брилијантен постигнувајќи хет-трик. Тие двајца секако разговарале и за одлуката да се врати на теренот.