Петар Наумовски легендата на македонската кошарка е избран за нов претседател на Македонската кошаркарска федерација и функцијата ќе ја извршува во наредните четири години.
На изборното собрание во хотелот Александар палас, противкандидат на Наумоски му беше почесниот конзул на Турција во Охрид, бизнисменот Абдурахман Бајрактар, но откако согласно Статуот беше утврдено дека тој не може да биде кандидат се повлече и му го честиташе изборот на Наумовски.
Пред новиот претседател на МКФ стои еден сериозен проблем, а тоа е да ги реши состојбите во клупската кошарка.
На репрезентативен план првата сериозна акција ќе биде Европското првенство кое ќе се одржува во септември.
Популарниот Пеце ќе го замени Даниел Димески кој од 2005 година беше на чело на федерацијата, а најголемиот успех во неговиот 10 годишен мандат е освоеното 4-то место на ЕП во Литванија во 2011 година.