Стејплс Центарот, легендарната сала во Лос Анџелес, ќе има ново име во следните 20 години!
Отворен во октомври 1999 година, овој објект ќе се вика „Crypto.com Arena“ до 2041 година, соопшти компанијата АЕГ, сопственик на овој објект, а договорот ќе почне да работи на 25 декември.
„Лос Анџелес Тајмс“ наведува дека платформата „Crypto.com“ од Сингапур, издвоила 700 милиони долари за салата да го носи ова име.
Во „Стејплс центарот“, помалку од една година по отворањето, Лејкерси ја освоија 12-та титула во клупската историја и прва по 22 години, со триумфот над Индијана во шестиот натпревар.
Десет години подоцна, на истото место стигнаа до 16-от НБА прстен, победувајќи го Бостон во седмиот натпревар.
Стејплс центарот меѓу другото е дом на учесниците на ХНЛ Лос Анџелес Кингс, кои во оваа сала освоија два Стенли купа во 2012 и 2014 година. Во него се појавуваат и Лос Анџелес Клиперс и женскиот тим Лос Анџелес Спаркс, членка на WNBA.
Платформата „Crypto.com“ е основана во 2016 година, а еден од акционерите е познатиот американски актер Мет Дејмон.
AEG and https://t.co/mht717OBXs announce their historic naming rights partnership for one of the world’s most iconic sports and live entertainment venues formerly known as STAPLES Center. For full press release visit: https://t.co/jWHLBF7YUv pic.twitter.com/Q6OhDTIZu7
— STAPLES Center (@STAPLESCenter) November 17, 2021