Во Нион денеска со ждрепка беа одредени паровите за 1/8 финалето во Лигата на Европа.
Ждрепката донесе неколку интересни дуели, а највозбудлив е оној на Милан и Арсенал. ж
Последен пат овие ривали играа во 2012. година во Лигата на шампиони, а поуспешен беше Милан со вкупен резултат 4-3.
Интересно ќе биде и на двомечот меѓу Олимпик Марсеј-Атлетик Билбао и Лајпциг-Зенит.
Другите парови се Лацио-Динамо Киев, Атлетико Мадрид-Локомотив Москва, ЦСКА Москва-Лион, Спортинг–Плзен и Борусија Дортмунд–Салцбург.
Првите осминафинални дуели ќе се играат на 8. март со реванш една недела подоцна на 15. март во исто време како и досега.
Големото финале на Лига Европа е закажано за 16. април на „Стад де Лион“ во Лион.