Продолжија натпреварите од полуфиналната серија во Првата македонска лига во кошарка.
Тимот на Куманово израмни на 1:1 во победи откако славеше на домашен терен против Карпош Соколи со 66:63.
Кај Куманово доминираа капитенот Костоски со 13 поени, по 12 поени имаа Трајковски и Мандиќ, додека за Соколи по 13 поени уфрлија Соколов и Шепа.
Серијата се игра до 3 победи, а на следниот дуел домаќин ќе биде Карпош Соколи.
Бранителот на титулата во првенството МЗТ Скопје Аеродром поведе со 2:0, откако во салата „Јасмин“ во Кавадарци славеше над Фени Индустри со 87:91.
За кавадаречката екипа 25 поени забележа Враговиќ, а го следеше Ивеља со 20 поени.
На спротивната страна Урош Луковиќ придонесе со дабл-дабл учинок од 31 поен и 17 скокови, а втор стрелец беше Мијатовиќ со 26 поени.
„Штрковите“ со евентуален триумф на домашен терен во наредната пресметка ќе го обезбеди учеството во големото финале.