Крсте Велкоски стрелаше за победа на Грбавица

Loading

sarajevo-slavilo-na-grbavici

 

Репрезентативецот Крсте Велкоски постигна гол на големото дерби во Сараевоо на кое имаше и 15 минутен прекин заради навивачите. Дербито со Железничар го доби Сараево со резултат од 1-2.

Велкоски го отвори резултатот во дуелот со Железничар на легенадрниот стадион Грбавица. Подоцна Железничар успеа да израмни на 1-1 по што следеше и прекин заради дивеењето на навивачите на трибините. По кратката пауза натпреварот продолжи и Сараево постигна уште еден гол за конечни 1-2 и максимални три бода на ова тешко гостување. Велкоски играше до 60 минута кога беше заменет од дербито. Со овие три бода Сараево е на само четири бода од лидерот Широки Брег во Босанското првенство